Политика на приватност
Оваа Политика за приватност го регулира начинот на кој веб-страната mobyart.com.mk управувана од Друштво за промет и маркетинг МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ извоз-увоз Скопје (понатаму “Моби Арт”, “Ние”) ги користи, собира и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на оваа веб-страна и/или купување на производи онлајн. Со пристапување на оваа веб-страна потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
При посета на оваа веб-страна се собираат и обработуваат Вашите податоци кои доброволно ги доставувате при посета на веб-страната, купување на производи или newsletter услугата.
При Ваше купување на производи преку нашата веб-страна, ги обработуваме Вашите лични податоци, и тоа:
- Вашето име и презиме
- Улица
- Град
- Држава
- Поштенски код
- Телефон
- E-mail адреса
При Ваше користење на newsletter услугата (ваша претплата на наше испраќање на електронска пошта), Ние ги обработуваме вашите лични податоци и тоа:
- Вашиот e-mail
КОЛАЧИЊА
За вашата посета на нашата е-продавница да биде поприлагодена, како и за да можеме да овозможиме употреба на одредени функции на е-продавницата користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст кои се зачувани на вашиот уред. Дел од колачињата кои ги употребуваме се бришат откако ќе завршите со вашата посета на нашата е-продавница преку вашиот прелистувач, додека други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаеме вашиот прелистувач при вашата следна посета на нашата е-продавница.
За поставувањето на колачињата ќе биде побарана ваша согласност. Доколку одберете да не ги прифатите колачињата, некои функционалности на нашата е-продавница можат да бидат оганичени. Повеќе за тоа на кој начин ги користиме колачињата можете да прочитате во нашата „Политика за колачиња“.
КАКО ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
При ваша посета на нашата е-продавница и при купување на производи онлајн, вашите податоци се собираат директно од Вас, т.е. на начин на кој што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците, или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата.
ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Ние ги обработуваме Вашите лични податоци исклучиво за целите кои ги имате овозможено, како што се:
- Овозможување на онлајн купување на производи
- Администрирање на содржината и други функционалности на е-продавницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
- Испраќање информации за производи, акции и промотивни активности (директен маркетинг)
- За рефундирање на средства
- За контактирање по пат на електронска пошта
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ИСТИТЕ
Вашите податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите за кои истите се овозможени / собрани.
Податоците нема да се обработуваат за ниту една друга цел освен за целта за која се овозможени / собрани. Тие се обработуваат механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од МОБИ-АРТ коишто имаат пристап до истите и кои се овластени да извршуваат анализи согласно начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
МОБИ-АРТ ја врши обработката на Вашите лични податоци согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои имаме законска обврска да ги чуваме во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при користење на услугата Контакт, Ние ги чуваме се до повлекување на Вашата согласност, освен доколку истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купени производи, во кој случај Ние ги чуваме податоците во рок од 1 (една) година.
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), ги чуваме Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи или за нашите поврзани услуги во форма на е-пошта, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви испраќаме информации за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.
Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
- Е-маил адреса: shop@mobyart.com.mk
- Контакт телефон: +389 77 860 748
ВАШИ ПРАВА
Вие, како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
- Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
- Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
- Право на бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
- Право на приговор против обработката на личните податоци;
- Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
- Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Бојана Ѓорѓиева на следниов e-mail: shop@mobyart.com.mk.
ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДРУГИ ЗЕМЈИ
Ние не вршиме пренос на лични податоци во трети држави.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
05.08.2024