Услови на користење

Добредојдовте на електронската продавница на фото студиото Моби Арт. Со користење на веб страната Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно и доколку имате било какви прашања, ве молиме да ни се обратите.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Друштво за промет и маркетинг МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ извоз-увоз Скопје ја поседува и менаџира електронската продавница mobyart.com.mk. Со употреба на овaa е-продавница и нејзините услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Дополнително, се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на овој линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба со цел да сте во тек доколку истите претрпат измени.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ ДРУГИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

Овие услови се применуваат на сите содржини на електронската продавница mobyart.com.mk со следните податоци:

  • Адреса: ул. Анкарска бр.29, 1000 Скопје
  • +389 77 860 748
  • shop@mobyart.com.mk
  • mobyart.com.mk

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    ОПШТИ ОДРЕДБИ

МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на оваа е-продавница без изречна писмена согласност на МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ е строго забрането. 

Прекршување на општите услови за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост. МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на оваа страница. При користење на оваа електронска продавница, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАВНИЦА MOBYART.COM.MK ВИЕ ГИ СПОДЕЛУВАТЕ СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ:

  • Вашето име
  • Вашето презиме
  • Вашиот регион
  • Вашата адреса (улица, град, регион, поштенски код)
  • Вашиот телефонски број
  • Вашиот е-маил

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ

Врските (линковите) на веб сајтот на конференцијата кон други локации (веб страни на трети страни) се поставени за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на трети страни кои не се поврзани со овој веб сајт, тоа го правите на сопствен ризик односно Ние не сме одговорни за било какви содржини и активности на трети страни.

ПРИСТАП ДО ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАВНИЦА

МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од Наша контрола, и Ние не сме одговорни за кои било изгубени податоци додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако Нашата цел е овој веб-сајт а да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од Наша контрола, пристапот до електронската подавница може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

МОБИ-АРТ Марјан ДООЕЛ има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на електронската продавница.

Последно ажурирано на 05.08.2024

„Moby Art“ е фото студио кое е пионер во македонската фотографија основано во 1992 година.