10.500,00 ден
INSTAX SQUARE LINK е паметен принтер кој не само што фасцинира, туку и ве поврзува со најдрагите луѓе преку INSTAX Connect. Лесно персонализирајте ги вашите фотографии со стикери и текст преку SQUARE LINK апликацијата, а потоа испратете ги преку вашата омилена социјална мрежа – подготвени да се испечатат од било кој дел на светот.
Без разлика колку сте далеку еден од друг, можете да пратите момент што веднаш оживува во форма на персонализирана фотографија, спремна за печатење од друг SQUARE LINK корисник. А со изборот да додадете augmented reality (AR) ефект пред печатење, вашите квадратни принтови добиваат ново ниво на магија. Од роденденски торти, виножита и меурчиња, до шарени AR пораки – сè е спакувано во QR код кој лесно се скенира со смартфон за дополнително персонализирано искуство.
Достапно по нарачка
На нарачки над 3000 денари
Овозможено преку Халкбанк
